Back

Современа Tанцова Tура

Проектот „Современа танцова тура“, ја олицетворува нашата посветеност за поттикнување уметнички раст и ангажман во заедницата. Инициран и имплементиран од Бојан Мицев во 2018 година за прв пат, го достигна своето 6-то издание во 2023 година. Концептот на проектот се состои од едукативна програма со цел да се дисеминира танцот до младите таленти низ земјата и да им се помогне во нивната транзиција да прераснат во професионални танчери. До сега  проектот опфати 10 градови низ целата земја, воспоставувајќи врски со школите за танц во секоја од локалнте средини:

Скопје – Аква Денс Клуб / Арт Балет / Битрикс Кру

Куманово – Денс Студио Мак / Денс Студио Ултра /Денс Тим Фјужн

Штип – Урбан Кру / Центар за балетска уметностАрабеск

Струмица – Центар за балетска уметност Реверанс /One Way Танцово Студио

Велес – Балетско Студио Анабела

Охрид – Соната Танцово Студио

Битола – Анастасија Центар

Пробиштип – Балет Магија

Кочани – Урбан Кру Кочани

Кавадарци – Танцов Спортски Клуб Линеа

Во најновата итерација, 6-тото издание одржано минатата година, воведовме изведувачка програма насловена „Компоненти“. Оваа иницијатива имаше за цел да ги претстави и афирмира македонските кореографи и да го негува нивното уметничко творештво. Танцовата вечер „Компоненти“ се одржа на 21.06.2023 година во НУЦК Ацо Шопов во Штип, со следнава програма:

1. Отворање - Балетски уметнички центар „Арабеск“ Штип

Кореографија: Елизабет Колевска

2. „Самовили и демони“

Кореографија и танчери: Јована Зајкова и Бобан Русески

Музика, перкусии и вокал: Зарина Првасевда

3. Извадок од „(Не)очекувано“

Кореографија: Елена Антонова - Петровиќ

Учествуваат студенти од 4-та година, дипломирани современ танц во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“

Класа: Е.А. Петровиќ

Танчери: Сара Тасевска и Нина Петрушевска

4. „Out if the box“

Кореографија: Ели Донев

Танчери: Лука Горгиевски, Јована Јовановска, Јована Димитриевска, Калина Кузманова, Ана Василева, Софија Јовановска

5. „In my shoes“

Кореографија и танчерка: Јована Зајкова

Креативен соработник: Слаѓана Вујошевиќ

6. „Go figure it out/ The remix“

Кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин

Музика: Александар Гроздановски

Танчери: Дејан Битровски и Стефани Шааршмит

7. „The Station “

Кореографија: Бојан Мицев

Музика: Томе Темелкоски

Танчери: Бојан Мицев и Емануела Вуро / Танцова компанија Оснабрук, Германија

Продукција Моушн Нетворк / Јуни 2023

Во текот на годините овој проект беше поддржан од: Министерство за култура на Северна Македонија, Град Скопје, Општина Штип, а во соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ Штип и КСП Центар Јадро Скопје

Heading

Heading

No items found.
No items found.