„Не е така. Воопшто не е така. Постојано имате порив да собирате. А треба и да се одзема. Не треба само да се припојува. Треба и да се одвојува. Така е во животот. Така е во филозофијата. Така е во науката. Во тоа е прогресот, цивилизираноста“.
Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на делото: „Лекција“. До него се стигна оправдувајќи го аспурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор.
Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на планетата земја - вршејќи на некој начин - потполен од негов аспект - оправдан геноцид.
Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Meyerhold добива пристуство во играта како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата агресивност во делото, која се засилува се повеќе и повеќе од почетокот до крајот на играта - исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и поинтензивни.
Апсурдното на прв момент делува и невистинито - се додека не започнеме да се бавиме со него.
Извршна продукција: МОУШН НЕТВОРК
Копродукција: Народен театар Штип
Автор: Ежен Јонеско
Превод: Калиопа Петрушевска
Режија: Ѓорѓи Ризески
Кореограф: Бојан Мицев
Композитор: Антонио Ристески
Дизајн - Фотографија: Александар Ефремов
Постер: Александар Вржалски
Изведувачи:
Професорот: Ефтим Трајчов Ѓаурски
Ученичката: Димитрина Мицкова
Слугинката: Милорад Ангелов
Суфлер : Лидија Рогозарева
Дизајнер на осветлување: Методи Саздов ; РистеСтојановски
Звук: Ѓорѓи Чапов
Кројач: Панче Стојменов
Сценска екипа: Далибор Саздов; Перо Иванов ;Даниел Крстевски
Поддржано од Министерството за култура наРепублика Северна Македонија
Спонзори: Лонгуров Принт , Н.У. Библиотека„Гоце Делчев“ Штип